ЛЕ: Адеми и Ристовски во осминафиналето, Ц. Звезда до реми во Милано но не успеа да ги елиминира „миланезите“

Македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски ќе играат во осминафиналето на Лига Европа откако славеа и на реванш-пресметката против Краснодар, овој пат со 1-0 на „Максимир“.

По првите 2-3 за Динамо од првиот меч, сега победата на „модрите“ ја донесе Оршиќ во 31. минута. Адеми и Ристовски го одиграа целиот натпревар за хрватскиот тим.

Црвена Звезда и по вторпат ремизираше со Милан, овој пат со 1-1 на гостувањето на „Сан Сиро“, но само поради гол повеќе на гостински терен, по оние 2-2 од Белград, „миланезите“ продолжуваат во осминафиналето.

Најголемото изненадување го приреди Славија Прага која со гостинската победа од 0-2 го елиминираше Лестер, а Олимпијакос благодарение на голот на Кока во 88. минута успеа да дојде до осминафинале.

ЛИГА ЕВРОПА – 1/16-ФИНАЛЕ (втори натпревари)

МИЛАН – Ц. Звезда 1-1 (2-2)

РОМА – Брага 3-1 (2-0)

Баер Л. – ЈАНГ БОЈС 0-2 (3-4)

Бриж – ДИНАМО КИЕВ 0-1 (1-1)

ДИНАМО З. – Краснодар 1-0 (3-2)

Лестер – СЛАВИЈА ПРАГА 0-2 (0-0)

МАНЧЕСТЕР Ј. – Реал Сосиедад 0-0 (4-0)

ПСВ – ОЛИМПИЈАКОС 2-1 (2-4)

  • Во заградите се резултатите од првите натпревари

Се вчитува...