Фудбалерите на Мидтјиланд го направија можеби најголемото изненадување во вечерашните натпревари во Лигата на Европа, откако го победија еден од фаворитите за освојување на трофејот, тимот на Нотингем Форест и тоа на негов терен.
Данскиот тим славеше минимален триумф со голот на Чо Гуе-Сунг во 80. минута од средбата, и со тоа си обезбеди одлична предност пред реваншот на свој терен, и можност да се пласира во 1/4 финалето.
Дербито помеѓу Селта и Лион заврши без победник 1-1. Селта имаше водство, но не можеше да го задржи со играч помалку откако беше исклучен Борха Инглесиас. Руеда донесе предност за шпанскиот тим, која ја анулираше кој друг ако не Ендрик во 86. минута од средбата.
Со најголема предност од вечерашните четири меча од 21:00 часот се стекна Ференцварош. Унгарците на свој терен ја победија Брага со 2-0 со головите на Каничовски во 32.минута, и Јосеф во 69. минута.
Генк со голот на Ел Уахди во 24. минута славеше победа над германски Фрајбург, и така со предност ќе патува на реваншот во Германија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

