ЛЕ: Хојлунд го спаси Јунајтед од бламажа во Чешка, Рома без проблеми против Брага

Манчестер Јунајтед ја продолжи серијата на победи во Лига Европа откако во 6. коло славеше на гостувањето кај Викторија Плзен со 1-2 и тоа по целосен пресврт предводен од Расмус Хојлунд.

„Црвените ѓаволи“ имаа негатива од 1-0 од 48. минута кога мрежата на Чесите ја затресе Видра, а истата ја задржаа во 62. минута кога супер-замената Хојлунд постигна гол за 1-1, само шест минути откако влезе во игра. Напаѓачот си ја заврши задачата и донесе целосен пресврт со својот втор гол во 88. минута.

Рома стави крај на серијата на натпревари без победа со убедлив триумф од 3-0 на домашен терен над Брага. „Волчицата“ до само втората победа во Лига Европа ја предвода Пелегрини, Абдулхамид и Хермосо.


Останати натпревари:

Хофенхајм – ФЦСБ 0-0
Лудогорец – АЗ Алкмар 2-2
Малмо – Галатасарај 2-2
Олимпијакос – Твенте 0-0
Паок – Ференцварош 5-0
Ројале Унион – Ница 2-1

Се вчитува...