ЛЕ: Јунајтед без муниција на гостувањето против АЗ, реми и на Рома во Австрија

Манчестер јунајтед ремизираше без голови на гостувањето против холандски АЗ Алкмар во 2. коло од Групата Л во Лигата на Европа. Резултат кој по два натпревари го остави белградски Партизан на врвот од табелата со 4 бода, откако „црно-белите“ славеа на гостувањето против Астана со 1-2.

Во Групата Г, Феенорд со 2-0 го победи Порто, по што се вклучува во трката за водечките две позиции. Во вториот меч од оваа група Јанг бојс на домашен терен славеше против Глазгов Ренџерс со 2-1.

Во Групата Ј, Рома ремизираше (1-1) на гостувањето против австриски Волфсбергер. „Волчицата“ поведе со голот на Спинацола во 27. минута, а израмни Линдл во 51. минута.

ЛИГА ЕВРОПА – 2. КОЛО

ГРУПА Г

Феенорд – Порто 1-0

Јанг бојс – Глазгов ренџерс 2-1

ГРУПА Х

Ференцварош – Лудогорец 0-3

ЦСКА Москва – Еспањол 0-2

ГРУПА И

Сент Етјен – Волфсбург 1-1

Александрија – Гент 1-1

ГРУПА Ј

Волфсбергер – Рома 1-1

Башакшехир – Менхенгладбах 1-1

ГРУПА К

Брага – Слован 2-2

Бешикташ – Вулверхемптон 0-1

ГРУПА Л

Астана – Партизан 1-2

АЗ Алкмар – Манчестер јунајтед 0-0

Се вчитува...