Англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед ќе ги одмери силите со рускиот Ростов во осминафиналето на Лигата на Европа. Тимот на Жозе Мурињо ќе биде гостин на првиот меч во Русија, а потоа ќе го пречека Ростов на „Олд Трафорд“. Првите мечеви ќе се играат на 9.март, а реваншите се седум дена подоцна.
Италијанскиот калчолигаш Рома за противник ќе го има францускиот Лион. И двата тима имаат одлична офанзива, па се очекува возбудлив дуел. „Жешка“ ќе биде и пресметката меѓу турскиот Бешикташ и грчкиот Олимпијакос.
Во германското дерби во ова европско натпреварување, Шалке 04 ќе има пресметка со Борусија Менхенгладбах. Ќе има и белгиски дуел меѓу Гент и Генк.
Данскиот тим ФК Копенхаген ќе игра против Ајакс.
ЛИГА ЕВРОПА, ОСМИНАФИНАЛЕ
СЕЛТА – КРАСНОДАР
АПОЕЛ – АНДЕРЛЕХТ
ШАЛКЕ 04 – БОРУСИЈА МЕНХЕНГЛАДБАХ
ЛИОН – РОМА
РОСТОВ – МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД
ОЛИМПИЈАКОС – БЕШИКТАШ
ГЕНТ – ГЕНК
ФК КОПЕНХАГЕН – АЈАКС
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА