Манчестер јунајтед го продолжува патот во Лигата на Европа, откако го совлада рускиот Ростов со 1-0 на „Олд трафорд“. Стрелец на единствениот гол беше Хуан Мата во 70.минута од средбата, по убавата акција на Мхитарјан и на Ибрахимовиќ. Минималниот триумф сепак беше доволен за пласман во следната рунда, откако мечот во Русија заврши 1-1.
Mata Goal HD – Manchester United 1-0 FK Rostov… by Football–Live
Лион издржа во Рим, иако загуби со 2-1. Но, имаше предност од два гола по првиот меч. Лион прв дојде до водство на „Олимпико“, откако по еден слободен удар во 16.минута, Дијакаби скокна највисоко и со удар со глава ја затресе мрежата на италијанскиот тим. Но, само една минута подоцна возврати Стротман на спротивната страна. Во 60.минута, по акцијата на Ел Шарави, гостинскиот играч Тусар си постигна автогол, но на Рома и беше потребен уште еден гол за пласман понатаму поради поразот од 4-2 во Франција. Сепак, фудбалерите на „волчицата“ не успеаја.
All Goals & highlights HD – AS Roma 2-1… by FootballLiveGoals
Ајакс со 2-0 го совлада ФК Копенхаген во Амстердам и ја елиминира негативата од еден гол (1-2) од првиот меч. Траоре и Долберг од пенал беа стрелци на головите за холандскиот тим кој го продолжува патот во Лигата на Европа. Андерлехт и по вторпат го совлада АПОЕЛ со 1-0, со голот на Ачимпонг во 65.минута од средбата.
Ajax 2-0 FC Copenhagen – Highlights & All Goals… by Goals_online
Во германското дерби, Шалке 04 се пласира во следната рунда, играјќи 2-2 на гости против Борусија Менхенгладбах. Првиот меч заврши 1-1, па поради двата гола постигнати на гостински терен, тимот од Гелзенкирхен оди понатаму. Горецка и Бенталеб од пенал донесоа реми, откако по првиот дел Борусија Менхенгладбах имаше водство од 2-0, со головите на Кристенсен и на Даху.
B. Monchengladbach 2 – 2 Schalke all goals HD… by live-football3
Резултати ЛЕ: АЈАКС – ФК Копенхаген 2-0, АНДЕРЛЕХТ – Апоел 1-0, Рома – ЛИОН 2-1, Борусија М. – ШАЛКЕ 2-2, МАНЧЕСТЕР Ј. – Ростов 1-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА