Италијанскиот калчолигаш Милан оствари убедлива победа (5-1) над Австрија Виена, со што и дефинитивно го освои првото место во групата Д од Лигата на Европа, пласирајќи се во следната рунда од ова европско натпреварување. Иако австрискиот тим поведе со 0-1, по грешката на Леонардо Бонучи и голот на Моншеин, сепак, Милан одговори со три погодоци до крајот на полувремето што ги постигнаа Родригез, Андре Силва и Кутроне. Во второто полувреме, Андре Силва и Кутроне постигнаа уште по еден гол за убедлив триумф.
Партизан е на чекор до пласман во нокаут фазата, откако во Белград го совлада Јанг Бојс со 2-1. Тавамба и Ожеговиќ беа стрелци за „црно-белите“ на овој меч.
Лион немаше проблеми против Аполон Лимасол и славеше со 4-0, со погодоците на Дијакаби, Фекир, Марсело Дијаз и на Маолида, а Аталанта на гости го декласира Евертон со 1-5.
Лига Европа, резултати
Група А: Макаби ТА – Спарта Прага 0-2, Астана – Вилјареал 2-3
Група Б: Партизан – Јанг Бојс 2-1, Скендербег – Динамо Киев 3-2
Група Ц: Брага – Хофенхајм 3-1, Лудогорец – Башакшехир 1-2
Група Д: Милан – Австрија Виена 5-1, АЕК – Ријека 2-2
Група Е: Евертон – Аталанта 1-5, Лион – Аполон Лимасол 4-0
Група Ф: Шериф – Злин 1-0, Локомотив Москва – Копенхаген 2-1
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА