Последниот натпреварувачки ден во групата „Х“ во Лига Европа донесе два интересни натпревари по кои е одлучен и конечниот изглед на табелата. Со поразот од Монако (4-1) завршија и европските натпреварувања за Црвена Звезда која денеска мораше да слави на гостувањето во Франција, а и да се надева на пораз на Трабзонспор.
Турскиот состав пак си ја заврши својата задача со победата од 1-0 против Ференцварош, но мораше да очекува кикс на Монако да пласман во следната фаза од Лига Европа. Така турскиот состав и нашиот Енис Барди европската пролет ќе ја дочекаат во Конференциската лига.
Интерсно беше и во групата „Ф“ каде четирите тимови завршија со по осум бода. Во оваа ситуација Фејенорд и Мидтјуланд продолжуваат во следната фаза, Лацио во Конференциската лига, а Штрум дома.
Манчестер Јунајтед го доби гостувањето во Шпанија против Реал Сосиедад со 0-1, но „црвените ѓаволи“ ќе мораат да разигруваат во 1/16 со оглед на тоа што имаат полоша гол разлика во однос на шпанскиот состав, а меѓусебните натпревари завршија со по еден постигнат гол.
Во осминафиналето се пласираа: Ференцбарош, Реал Сосиедад, Фрајбург, Фејенорд
Во шестнаестфиналето ќе разигруваат: Монако, Манчестер Јунајтед, Нант, Мидтјуланд
Во Конференциската лига продолжуваат: Трабзонспор, Шериф, Карабак, Лацио
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА