ЛЕ: Пелистер со Лех Познањ, Шкендија против Дачија, „романтичарите“ со Тре Пене

Македонскиот вицепрвак Шкендија ќе игра против молдавскиот тим Дачија во првото коло од квалификациите во Лигата на Европа. По минатогодишниот одличен настап, кога стигнаа до плејоф-колото за пласман во групната фаза од Лигата на Европа, Шкендија сега со Ќатип Османи на кормилото ќе се обиде повторно да стигне далеку.

Шкендија на првиот меч ќе игра на гости во Молдавија, а потоа ќе ја пречека Дачија.

Освојувачот на Купот, тимот на Пелистер, ќе се сретне со полскиот Лех Познањ, и се чини дека доби најтежок противник од сите наши претставници. Битолскиот тим првиот меч треба да го игра на гости, а на реваншот ќе ја има улогата на домаќин.

Работнички беше единствен носител од македонските клубови и доби релативно лесен противник во првото квалификациско коло. „Романтичарите“ ќе играат со Тре Пене, претставник од Сан Марино. Работнички ќе биде домаќин на првиот меч на 29 јуни, а потоа ќе гостува во Сан Марино.

КОМПЛЕТНИТЕ ДВОЈКИ ЗА 1. КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО ЗА ЛИГА ЕВРОПА

le 5

le 1

le 2

le 3

le 4

Се вчитува...