Динамо Загреб и покрај победата од 1-0 на „Максимир“ против Севилја го заврши овогодишното учество во Лига Европа. До победа „модрите“ ги предводеше Оршиќ кој стрелаше од белата точка во 65. минута, но еден гол не беше доволен со оглед на тоа што шпанскиот тим во првиот натпревар победи до 3-1.
Македонскиот интернационалец Стефан Ристовски мечот го започна од клупата, но доби шанса во 61. минута, додека капитенот Адеми поради повреда мораше да го проследи мечот од клупата.
Предноста од првиот меѓусебен натпревар ја искористи и Порто (2-1) кој ремизираше на гостувањето кај Лацио со 2-2. Имобиле ги донесе Италијанците во предност во 19. минута, додека Тареми од белата точка во 31. минута донесе изедначување. Португалскиот тим поведе преку Урибе во 68. минута, додека ново изедначување донесе Каталди во 95. минута.
Атланта лесно се пласираше во следната фаза од натпреварувањето откако во Атина славеше над Олимпијакос со 0-3. Италијанскиот состав стигна до предност преку Меле во 40. минута, за потоа Малиновски со два гола во 67. и 69. минута да ја потврди победата.
Во следната фаза се пласираше и Лајпциг кој во Шпанија против Реал Сосиедад славеше со 1-3. По промашениот пенал на Сивла, Орбан не пропушти шанса да донесе водство за германскиот состав, а Силва конечно ја затресе мрежата во 59. минута од мечот за 0-2. Зубименди даде надеж на домаќините во 67. минута, но сите дилеми беа решение по голот на Форсберг во 89. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА