Екипата на Рома се стекна со предност од 2-0 на домашен терен во дуелот со Реал Сосиедад. Ел Шарави и Кумбула му го донесоа триумфот на Жозе Мурињо, кој со овој резултат е пред пласман во 1/4 финалето во Лигата на Европа, иако има и реванш во Сан Себастијан во кој Сосиедад ќе се обиде да ја анулира оваа негатива.
Арсенал успеа да одигра нерешено на гостувањето во Лисабон кај Спортинг. Иако се добро почна за „топчиите“ кои поведоа на ова гостување преку Салиба, сепак, Инасио успеа да израмни, а во 55. минута Паулињо да донесе и предност за португалскиот тим. Автоголот на Морита во 62. минута успеа да му донесе израмнување на Арсенал, што е добар резултат пред реваншот во Лондон.
Сосема интересен натпревар одиграа Унион Берлин и Унион од Белгија кој заврши 3-3. Интересно е тоа што белгиската екипа трипати водеше, а Унион трипати се спасуваше, и тоа во 89. минута. Бонифаце во 28. минута донесе предност, Јурановиќ израмни во 42. минута. Ново водство за гостите преку Фертесен во 58. минута, но Кнохе во 69. минута израмни по промашен пенал. Бонифаце во 72. минута за нова предност на гостинот од Белгија, а Мичел во 89. минута ги постави конечните 3-3.
Баер Леверкузен усепа да се стекне со одлична предност од 2-0 на домашен терен против Ференцварош. Демирбај и Тапсоба ја донесоа победата на „фармацевтите“ од овој дуел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА