Спарта Прага, Марсеј и Спортинг Лисабон се пласираа во осминафиналето на Лигата на Европа по вечерашните реванш натпревари. Рома и Феенорд во продолженија во Рим ќе го одлучуваат патникот понатаму.
Спарта Прага со неверојатна победа од 4-1 го „здроби“ Галатасарај во Прага за пласман понатаму и покрај поразот од 2-3 во Истанбул.
Пресиадо уште во 8. минута донесе водство од 1-0 за Спарта, па иако Галатасарај израмни во 16. минута, во второто полувреме следеа уште три гола, од 74. до 95. минута, за конечна победа од 4-1.
Марсеј, пак, со 3-1 го победи Шахтјор и се пласираше во осминафиналето.
Од мечот ќе остане запаметен и голот на Обамејанг за 1-1, со кој фудбалерот на Марсеј се запиша како најдобар стрелец во историјата на ова натпреварување со 31 гол.
Спортинг, пак, рутински одигра 1-1 со Јанг Бојс, по онаа гостинска победа од 1-3 на првиот дуел, за место во осминафиналето.
ЛИГА ЕВРОПА – 1/16-ФИНАЛЕ (реванш натпревари)
Рен – МИЛАН 3-2 (0-3)
ФРАЈБУРГ – Ленс 3-2 (0-0)
КАРАБАХ – Брага 2-3 (4-2)
Тулуз – БЕНФИКА 0-0 (1-2)
Рома – Феенорд 1-1 (1-1) – ПРОДОЛЖЕНИЈА
МАРСЕЈ – Шахтјор 2-1 (2-2)
СПАРТА ПРАГА – Галатасарај 4-1 (2-3)
СПОРТИНГ – Јанг Бојс 1-1 (3-1)
* Во заградата се резултатите од првите натпревари
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА