Спортинг Лисабон и Стефан Ристовски во првиот сегмент од нокаут фазата во Лигата на Европа ќе се сретнат со шпанскиот прволигаш Вилјареал, а Елиф Елмас со Фенербахче ќе има дуели против рускиот Зенит. Италијанскиот калчолигаш Интер за противник ќе го има Рапид Виена, додека Челси ќе игра против шведскиот Малме.
Арсенал ќе има пресметка со Бате Борисов, а Наполи ќе игра против Цирих. Многу интересни ќе бидат дуелите меѓу Лацио и Севилја, како и Галатасарај и Бенфика.
Аријан Адеми со Динамо Загреб за ривал го доби чешкиот Плзен. Првите натпревари од 1/16-финалето во Лигата на Европа ќе се играат на 14.февруари, а реваншите се седум дена подоцна.
ЛИГА ЕВРОПА, 1/16-ФИНАЛЕ
ПЛЗЕН – ДИНАМО ЗАГРЕБ
КЛУБ БРИЖ – САЛЦБУРГ
РАПИД ВИЕНА – ИНТЕР
СЛАВИЈА ПРАГА – ГЕНК
КРАСНОДАР – БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН
ЦИРИХ – НАПОЛИ
МАЛМЕ – ЧЕЛСИ
ШАХТЈОР ДОЊЕЦК – АЈНТРАХТ ФРАНКФУРТ
СЕЛТИК – ВАЛЕНСИЈА
РЕН – БЕТИС
ОЛИМПИЈАКОС – ДИНАМО КИЕВ
ЛАЦИО – СЕВИЛЈА
ФЕНЕРБАХЧЕ – ЗЕНИТ
СПОРТИНГ ЛИСАБОН – ВИЛЈАРЕАЛ
БАТЕ БОРИСОВ – АРСЕНАЛ
ГАЛАТАСАРАЈ – БЕНФИКА
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА