Во плејоф колото од Лигата на Европа ќе настапат и неколку македонски интернационалци со своите клубови, обидувајќи се да изборат пласман во групната фаза од ова европско натпреварување. АЕК Ларнака, кипарскиот тим каде настапуваат Иван Тричковски и Даниел Мојсов, ќе ги одмери силите против чешкиот претставник Пзен.
Зени Хусмани со Домжале за ривал ќе го има францускиот Олимпик Марсеј, додека Осијек, чии членови се Музафер Ејупи и Милован Петровиќ, за ривал ја доби Австрија Виена. Марјан Алтипармаковски и Судува ќе играат против бугарскиот Лудогорец.
Интересни ривали добија и останатите балкански клубови. Динамо Загреб ќе игра против албанскиот Скендербег, Црвена Звезда ќе се сретне со рускиот Краснодар, а Партизан ќе игра против Видеотон, каде тренер е нивниот поранешен тренер Марко Николиќ. Хајдук Сплит ќе има силен ривал во англискиот премиерлигаш Евертон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА