И покрај предност од 1-о од првиот натпревар во Франција, белградска Црвена Звезда е елиминирана во плеј-офот од Лигата на Европа, не успевајќи да се пласира во осминафиналето откако на реванш дуелот во Белград загуби од Лил со 0-2.
И сето тоа по продолженијата, откако во регуларниот дел мечот заврши со идентични 0-1, но овој пат за Лил.
Голот во регуларниот дел од мечот го постигна Жиру уште во 4. минута.
А, во продолжението во 99. минута Нгој стрелаше за 0-2 и пласман на Французите во осминафиналето.
Crvena Zvezda 0-(2) Lille – Nathan Ngoy 99′
by
u/977x in
soccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

