ЛЕ: Вардар против Пјуник, Работнички со Хонвед, Шкупи на мегдан со Глазгов Ренџерс!

Македонските претставници во квалификациите за Лигата на Европа ги добија најтешките можни противници, од петте опции, за 1. квалификациско коло.

И покрај носителската улога, Вардар ќе игра против ерменскиот Пјуни, Работнички ја доби најтешката можна ждрепка – унгарскиот Хонвед, а Шкупи го доби најатрактивниот можен противник – шкотски Глазгов Ренџерс.

Вардар ќе гостува на првиот меч кој се игра на 12. јули, а реваншот е седум дена подоцна, на 19. јули.

Шкупи исто така најпрво на 12. јули ќе гостува во Шкотска, а потоа на 19. јули Глазгов Ренџерс со новиот менаџер Стивен Џерард доаѓа во Скопје.

Се вчитува...