Македонските претставници во Лигата на Европа ги добија евентуалните противници и за второто квалификациско коло. Вицепрвакот Вардар, под услов да го елиминира ерменскиот Пјуник, во следната рунда ќе се сретне со Тобол (Казахстан), каде настапува Ванче Шиков, и Самтредија (Грузија).
Шкупи, доколку го мине Глазгов Ренџерс, ќе игра против победникот од дуелот меѓу хрватскиот Осијек и Петрокуб (Молдавија), а Работнички ќе оди на подобриот од мечот меѓу Габала (Азербејџан) и Прогрес Нидеркорн (Луксембург).



Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

