Аргентинскиот фудбалер Леандро Паредес ја напушти Рома и потпиша тригодишен договор со Бока Јуниорс, клубот во кој ја започна својата професионална кариера, потврдија двата клуба.
„Рома соопштува дека дефинитивно го пресели Леандро Паредес во Бока Јуниорс. Аргентинскиот играч за врска го носеше дресот на „волчицата“ четири сезони, одигра 135 натпревари и постигна 13 гола. Ти посакуваме многу среќа, Леандро“, се вели во соопштението на Рома.
Паредес (31) веќе го носеше дресот на Бока Јуниорс од 2011 до 2014 година, по што се пресели во Европа.
Светскиот шампион од Катар во 2022 година потоа се пресели во Зенит Санкт Петербург (2017–2019), а потоа во Пари Сен Жермен, кој за него плати 47 милиони евра во 2019 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

