Леао блескаше за Милан: „Лидери сме по цели две години… Убаво е на врвот!“ (ВИДЕО)

Фудбалерите на Милан ја победија Фиорентина со 2-1 и се искачија на врвот на табелата во Серија А.

Двоен стрелец за „росонерите“ синоќа беше Португалецот Рафаел Леао, со чии голови гигантот од „градот на модата“ го зазеде врвот на табелата за прв пат по две години.

Поточно, последен пат Милан го држеше лидерското место на табелата во Серија А на 7 октомври 2023 година.

Тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, веројатно немаше да го вклучи Леао во почетниот состав, тој ќе беше опција од клупата како и во повеќето натпревари досега, но отсуствата на Еступињан, Пулишиќ, Рабио, Нкунку и Лофтус-Чико си го направија своето, па Португалецот си зазеде место меѓу стартерите.

„Нема да бидам скромен и ќе кажам дека пресреќен сум што ја донесов победата. Лидери сме по цели две години, убаво е чувството на врвот“ – истакна по мечот Леао.

Се вчитува...