Рафаел Леао, офанзивецот на Милан ја доби „титулата“ најкорисен играч (МВП) на сезоната 2021/22 во италијанската Серија А. Воедно беше избран и тимот на сезоната, а во него се најдоа следнивe фудбалери: Мањан, Ди Лоренцо, Томори, Бремер, Тео Хернандез, Милинковиќ-Савиќ, Брозовиќ, Барела, Леао, Имобиле и Влаховиќ.
За најдобар судија беше избран Даниеле Орсато.
„Леао е еден од симболите на Милан како шампион на Италија. Овој играч секогаш може да прикаже одлично шоу. Фудбалската страст, непредвидливоста, атлетската сила и техниката, како и брзината веќе го направија најдобар играч и еден од најголемите таленти на меѓународно ниво“, изјави извршниот директор на Серија А, Луиџи Де Сиерво.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА