Рафаел Леао речиси секое лето е поврзуван со заминување од Милан, но португалскиот крилен офанзивец секогаш покажува дека е максимално лојален кон италијанскиот гигант.
Тоа е случај и летово, откако неколку гиганти предводени од Баерн Минхен покажаа интерес за Португалецот, но тој јасно стави до знаење дека својата иднина ја гледа на „Сан Сиро“. Клаузулата за раскин изнесува огромни 175 милиони евра, Милан беше подготвен и за половина од оваа сума да преговара во ситуација кога тимот нема да учествува во европските купови, но самиот Леао децидно порача дека е решен да остане и да помогне Милан да се врати на посакуваните патеки.
„Јас отсекогаш сум бил голем фан на Милан, дури и пред да дојдам во овој клуб. Знам дека овој клуб е еден од најдобрите во фудбалската историја, за мене е исполнување на сонот што сум овде. Чест ми е што сум дел од овој клуб и не размислувам за ништо друго“, порача Леао.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

