Португалскиот фудбалер Рафаел Леао минатиот месец потпиша нов договор со Милан. Иако за него имаше интерес од Барселона, Сити, Јунајтед, ПСЖ, сепак, се реши да го продолжи престојот на „Сан Сиро“ со нов договор.
Португалецот сега е фокусиран на идните амбиции, а една од неговите цели е да ја освои „Златната топка“ како играч на Милан.
„Останав во Милан затоа што овој клуб ми помогна да ги остварам моите цели. Заедно го освоивме Скудетото и станав подобар играч. Чувствувам дека сум позрел, се чувствувам како водач на оваа екипа. Мислам дека одлуката да останам се покажа како најдобра во овој момент, затоа што имам уште многу што да постигнам. Можам да ја освојам ЛШ и Златната топка со Милан“, рече Леао.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА