Леао: Ние сме Португалија, ќе бидеме моќни против Ирска и Србија

Напаѓачот на Португалија, Рафаел Леао е свесен дека следуваат два тешки натпревари против Република Ирска и Србија, но верува во квалитетот на својата репрезентација и очекува две победи кои ќе донесат директен пласман на Светското првенство во Катар.

Португалците имаат се во свои раце пред финишот на квалификацискиот циклус. И две реми ги носат на Мундијалот, сепак, не се размислува на тоа сценарио.

„Не чекаат натпревари против две силни селекции и ќе има тесна борба за пласман на Светското првенство. Но, ако имаме добар пристап на натпреварите, ќе победиме. Мора да бидеме моќни на теренот, само на тој начин ќе земеме три бода на двата меча. Ова се две финалиња за нас, кои треба да ги добиеме. Не можеме да одиграме нерешено. Противниците се силни, сепак, нашиот план се две победи и директно патување во Катар“, изјави напаѓачот на Милан, кој е резерва во националниот тим.

Избраниците на Фернандо Сантос во четврток од 20:45 часот им гостуваат на Ирците, а потоа во недела во истиот термин ќе се сретнат со Србија.

Се вчитува...