ЛА Лејкерс синоќа го одиграа првиот натпревар во „Стејплс Центар“ по смртта на Коби Брајант, а пред мечот со Портланд говор пред фановите одржа Леброн Џејмс, најдобриот кошаркар на „езерџиите“ кој воедно беше и голем пријател на Брајант.
„Имам напишано нешто, бараа од мене да одржам говор, не нема да читам од парче хартија за Коби, туку ќе говорам од срце. Семејството секогаш е на прво место и додека ве гледам овде во салата, гледам дека сите сме повредени, со скршени срца. Кога доаѓав во овој клуб ми рекоа дека ЛА Лејкерс е едно големо семејство, сега гледам дека тоа е вистина. Ова е вистинско семејство и знам дека Коби, Џиџи и Ванеса ви се благодарни за тоа“, рече Леброн, па продолжи:
„Знам дека тажиме, дека имаме спомени од Коби, но ова е славје за мене. Вечерва го славиме момчето кое дојде овде на 18 години и вложи 20 години тренинг, пот, желба, крв и солзи за успех. Со соиграчите ќе продолжиме она што тој ни го остави. Ќе играме кошарка затоа што Коби тоа го сакаше најмногу на светот“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

