Леброн Џејмс: Ако ме паметат само по кошарката, значи дека не сум успеал…

Леброн Џејмс испиша неверојатни страници во историјата на НБА-лигата уривајќи бројни рекорди во текот на својата блескава кариера. „Кралот Џејмс“ и во новата сезона ќе го носи дресот на ЛА Лејкерс, овојпат крај себе ќе го има и својот син Брони, а Леброн го привлече вниманието со својата последна изјава.

Во неа, кошаркарската суперѕвезда јасно стави до знаење дека сака да остане во сеќавање не само по она што го прави на теренот, туку и по бројните други акции што ги поддржува во приватниот живот.

„Од време на време размислувам за тоа како би сакал да ме паметат. Искрено се надевам дека нема да биде само по кошарката… ако ме паметат само по она што го правев на теренот, значи дека не сум успеал во животот… Постојат работи кои правам за заедницата, начинот на кој заедно со Савана ги израснавме децата, каков однос имам со самохраната мајка што ме напраив она што сум денес… Ако луѓето не разговараат и за овие работи, значи дека мојата мисија е пропадната. Јас се уште немам направено се што можам, ако зборуваме кошаркарски сум стар, но во животот се уште се чувствувам млад, имам уште толку многу работи да направам“, изјави Леброн Џејмс.

Се вчитува...