Леброн Џејмс го пропушта стартот на новата НБА сезона

Лос Анџелес лејкерс се соочува со сериозен проблем откако Леброн Џејмс се здоби со незгодна повреда поради која суперѕвездата ќе мора да го пропушти стартот на новата сезона во НБА-лигата.

Џејмс воопшто не тренираше со тимот на лејкерс од стартот на подготовките, жалејќи се на болка низ целата десна нога. На крајот било утврдено дека станува збор за проблем со нерв што го поврзува тој дел од телото, повредата не е сериозна, но Леброн ќе мора целосно да одмори две седмици пред да почне со тренинзи.

Неговиот камбек на терените се очекува за најмалку три седмици, што значи дека дефинитивно нема да биде во составот на „езерџиите“ за стартот на сезонава.

ЛА Лејкерс во првиот меч од новата сезона ќе се сретне со Голден Стејт, меч закажан за 21 октомври.

Се вчитува...