Леброн Џејмс нема да биде стартер на Ол-стар мечот после 22 години

Ол-старот во најдобрата кошаркарска лига НБА е веќе подготвен. Судбината на рекордната низа на Леброн Џејмс за Ол-стар натпревари сега ќе ја одлучат тренерите, или можеби и комесарот Адам Силвер.

Јанис Антетокунмпо од Милвоки, Шаи Гилџус-Александар од Оклахома Сити, Никола Јокиќ од Денвер, Лука Дончиќ од Лос Анџелес Лејкерс и Виктор Вембањама од Сан Антонио беа меѓу оние кои беа објавени во понеделник како стартери на Западот. Стеф Кари од Голден Стејт, Џејлен Брансон од Њујорк, Кејд Канингем од Детроит, Тајрис Макси од Филаделфија и Џејлен Браун од Бостон ќе бидат стартерите на Истокот.

Џејмс за првпат после 22 години не беше меѓу групата избрана како стартер. Неговата рекордна серија од 20 последователни настапи на Ол-стар натпреварите завршува. Минатата сезона беше избран, но мораше да го откаже настапот поради повреди.

Се уште би можел да биде именуван на Ол-старот откако 14 места ќе бидат одредени со анкета на главните тренери на НБА тимовите, а исто така би можел да добие специјална покана од страна на комесарот Силвер.

Се вчитува...