Леброн Џејмс: Плачев кога се повлече Џордан

Документарниот филм „Последниот танц“ кој се занимава со славниот тим на Чикаго Булс од 90-те и со кариерата на Мајкл Џордан предизвика огромно внимание со светската јавност. Реакции особено имаше по емитувањето на новите две епизоди, а во една од нив беше најтажниот момент од кариерата на Џордан, убиството на татко му и одлуката да се повлече од кошарката. Меѓу бројните кошаркарски славни имиња кои реагираа на ова е и Леброн Џејмс.

„Плачев тој ден. Имав девет години. Не можев да верувам“– напиша на Твитер, Леброн Џејмс.

Џордан објави сензационално повлекување во 1993 година, три месеци откако двајца тинејџери го убија татко му кој спиел во автомобил. По заминувањето од НБА, Џордан се занимаваше со бејзбол.

 

 

 

Се вчитува...