Леброн Џејмс потпиша нов договор со ЛА Лејкерс

Леброн Џејмс се согласил на двегодишен договор со Лос Анџелес Лејкерс вреден 104 милиони долари, oбјавија американските медиуми. Последната година од договорот е опција за играчот, што значи дека Леброн Џејмс избира дали ќе се активира или ќе стане слободен агент.

Исто така, во договорот има клаузула која им забранува на Лејкерси да го трејдуваат Леброн Џејмс. Неодамна го одби автоматското продолжување на договорот и сакаше да земе помала плата за да го направи тимот поконкурентен, но сите опции на Лејкерси пропаднаа, а тој во новата сезона за соиграч ќе го има својот син Брони Џејмс.

Се вчитува...