Леброн Џејмс потврди: Сакам да играм на ЛОИ во Париз, но овој пат другите ќе се помачат

Легендарниот американски кошаркар Леброн Џејмс изјави дека сака да биде дел од репрезентатицијата на Соединетите американски држави на престојните Летни олимписки игри кои ќе се одржат во Париз оваа година.

САД не настапуваше во најсилен состав на изминатите Светски првенства па доживеа дебакл, но сега е се подготвено за „дрим-тимот“ да се најде во главниот град на Франција. Сепак за разлика од минатото, таму Леброн Џејмс не сака да има лидерска улога.

„Ќе бидам како ќе се чувствувам на крајот на сезоната, но не мислам дека тоа ќе биде преголем напор за мене. Со обѕир на играчите кои можат да го пополнат составот не би требало да имам голема улога, малку ќе скокам, ќе додавам, блокирам“, изјави Џејмс.

Се вчитува...