Леброн Џејмс е еден од најгласните лидери во НБА лигата во битката за социјална правда и во борбата против расизмот и полициската бруталност во САД. Без него сезоната во лигата немаше да продолжи и немаше да биде спасена од бојкотот што го предводеше Милвоки. Ниту пак толку многу ќе се зборуваше за случајот на Бренона Тејлор за која се чини правда нема да има во догледно време.
Властите во Кентаки донесоа одлука да покренат обвинение за само еден од тројцата полицајци инволвирани во пукањето во кое беше убиена 26-годишната девојка. Оваа одлука го разбесни Леброн Џејмс. Реагираше на социјалните мрежи.
„Денеска немам зборови. Скршен сум, повреден и бесен. Дали оваа одлука ме изненади? Не, воопшто не. Им ја испраќам мојата љубов на мајката и на семејството на Бренона. Жалам“ – напиша Леброн во пораката.
I’ve been lost for words today! I’m devastated, hurt, sad, mad! We want Justice for Breonna yet justice was met for her neighbors apartment walls and not her beautiful life. Was I surprised at the verdict. Absolutely not but damnit I was & still am hurt and heavy hearted! I send
— LeBron James (@KingJames) September 24, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА