Леброн Џејмс и неговиот син Брони оваа сезона испишаа историја во НБА лигата како прво татко-син дуо кое настапило на еден официјален натпревар.
Сепак, за разлика од Леброн, неговиот син не се прослави во силното кошаркарско првенство па често е мета на критичарите. Меѓу нив е и контроверзниот Стивен Смит, аналитичарот на ЕСПН кој во последната изјава го молеше Леброн, како татко да престане да го форсира синот.
Поради оваа изјава Џејмс и Смит имаа блиска средба на последниот натпревар на ЛА Лејкерс на кој кошаркарот испрати и предупредувачка порака.
„Ќе ти кажам само еднаш брат. Не го вмешувај мојот син во овие срања, брат“, беа зборовите на Леброн.
“I’MMA TELL YOU ONE TIME, BRO. KEEP MY SON OUT OF THIS ****, BRO.”
What LeBron James allegedly said to Stephen A. Smith during a break in the Lakers vs. Knicks game 😳🗣️
Thoughts? 🤔
Via. @LegendOfWinning pic.twitter.com/VOvxOfdMH3
— Courtside Buzz (@CourtsideBuzzX) March 7, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

