Леброн Џејмс ги израдува сите искрени кошаркарски фанови откако 38-годишниот ветеран и официјално објави дека е подготвен за уште најмалку една сезона во НБА-лигата.
Леброн по разочарувачката елиминација од Денвер во ланскиот плејоф најави дека можеби летово ќе стави крај на кариерата, но по кратко размислување набрзина го промени ставот.
„Веќе не се грижам колку поени ќе постигнам, вистинското прашање е дали можам да продолжам да играм без повреди. Оној ден кога нема да можам да дадам 100% на теренот, тоа ќе биде мојот крај. Сепак, тој ден се уште не е дојден. Она што ми дава енергија е да тренирам со моите момци, моите соиграчи. Гледам млади деца и тие се мојата мотиација, ме враќаат таму каде што треба да бидам, сето тоа е дел од чистата љубов што ја чувствувам кон оваа преубава игра. Значи – ДА, имам уште многу да дадам на кошарката“, објави Леброн Џејмс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

