Во едно неодамнешно интервју, поранешниот НБА кошаркар Енес Кантер критички зборуваше за Леброн Џејмс и неговото влијание во Лос Анџелес Лејкерс и најсилната лига во светот.
Триесет и двегодишниот Кантер, кој е баран во Турција поради ставовите и критиките кон Реџеп Таип Ердоган, смета дека Леброн е диктаторот на НБА и дека без негов „амин“ многу работи не можат да се реализираат.
На Кантер му пречеше и тоа што Брони Џејмс, синот на ѕвездата на Лејкерси, беше драфтуван токму од клубот од Калифорнија со 55. позиција.
„Кога сезоната на Лејкерс ќе падне, Леброн се обидува да најде играч кој ќе биде виновен. Тој го обвини Вестбрук за целата сезона. Не е добар соиграч. Очигледно, тој ги контролира медиумите и се обидува да го контролира наративот, но кога навистина ќе влезете во ситуацијата и ќе разговарате со играчите на НБА, никој не сака да игра со него. Тој е диктатор во НБА“, изјави Кантер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА