Леброн е „ѕвер“ – нов договор на 36 години за 85 милиони долари

Големината на Леброн Џејмс се гледа на дело и со денешниот потег на управата на ЛА Лејкерс, откако „езерџиите“ се договориле со големиот ас тој да остане во Ел-Еј.

Иако договорот на „кралот“ не беше пред истекување, раководството на ЛА Лејкерс реши да му понуди нов договор на две сезони на 36-годишниот Леброн. Фактот дека тој и на оваа возраст доминира во НБА-лигата беше доволна препорака Џејмс да добие огромна плата од 85 милиони долари за тие две години.

Леброн е најзаслужниот што ЛА Лејкерс стигнаа до нова титула во НБА-лигата, предводејќи го својот тим со извонреден просек од 25,3 поени, 10,2 асистенции и 7,8 скокови по натпревар. Целта поради која дојде во ЛА Лејкерс е исполнета – освоен е шампионскиот прстен, но Џејмс сега сака да освојува титули во низа со овој тим, како што тоа го правеше неговиот добар пријател Коби Брајант.

Се вчитува...