Леброн Џејмс ги надмина проблемите со повреда и се врати во тимот на Лос Анџелес Лејкерс на кој ќе му биде од огромна помош во продолжението од сезоната и битката за шампионски трофеј.
Враќањето на легендарниот кошаркар во ростерот сепак донесе лоши вести за неговиот син Брони Џејмс кој е испратен во филијалата на ЛА Лејкерс во развојната „Џи-лига“, Саут Беј Лејкерс, тим кој му е добро познат од минатата сезона.
Сега 21-годишниот Брони дебитираше во НБА лигата во 2024 година, испишувајќи историја како прво татко-син дуо во најсилното кошаркарско првенство, но не успеа да ги заследи стапките на својот славен татко.
Минатата сезона настапи на вкупно 21 натпревар во НБА бележејќи скромен просек од 2.3 поени по натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

