Никола Јокиќ за разлика од останатите НБА супер ѕвезди не форсираше на собир на најдобрите во Индијанаполис, напротив времето го помина забавувајќи се со соиграчите. Еден од нив беше и Леброн Џејмс кој го забележа 21. настап на Ол-стар викендот и постана нов рекордер.
Камерите „уловија“ интересен разговор на клупата каде Американецот прифати шега на своја страна и во разговор со Јокиќ „лажепе“ за својот прв настап велејќи дека настапил заедно со Вилт Чемберлин, Боб Кузи, Доктор Џеј на својот прв Ол-стар во 1968 година.
Србинот „прсна“ до смеа, додека Дончиќ кој исто така беше на клупата се сврте кон Џејмс во неверување што овој говори. Леберон по шегата се поправи и ја откри вистината.
„Не, беа Ален Ајверсон, Коби Брајант, Винс Картер, Шек, Тим Данкан, Кевин Гарнет, Грент Хил“
LeBron has jokes for Jokic 😂 pic.twitter.com/ufavoICsAT
— Nuggets World 🌎 (@NuggetsWorldd) February 19, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

