Леброн го надигра Дурант за прва победа на ЛА Лејкерс, совршено деби на Лилард за Милвоки (ВИДЕО)

Кошаркарите на ЛА Лејкерс го совладаа Феникс со 100-95 запишувајќи ја првата победа оваа сезона.

Лејкерс го поправија впечатокот од првото коло по поразот од Денвер, па сега беа подобри од Феникс кој беше ослабен со неиграњето на Девин Букер и Бредли Бил.

„Езерџиите“ беа предводени од Ентони Дејвис со 30 поени и 12 скока и Леброн Џејмс со 21 поен, девет асистенции и осум скока. Расел дополни со 14 поени, а Остин Ривс заврши со 10 поени. Кај Феникс најефикасен беше Кевин Дурант со 39 поени и 11 скока. Ерик Гордон мечот го заврши со 15 поени.

Милвоки, пак, славеше против Филаделфија со 118-117 предводени од Демијан Лилард кој на своето деби постигна 39 поени и имаше осум скока плус четири асистенции.

Тој оваа сезона пристигна во Милвоки после 11 години во Портланд и постигна најмногу поени на деби за Милвоки уште од Тери Камингс кој во 1984 година запиша 34 поени.

Јанис Адетукумпо во победата допринесе со 23 поени и 13 скока, и стана играч со најголем број постигнати поени од игра за Бакс – 5.905, пред Карим Абдул Џабар кој има 5.902 постигнати во периодот од 1969 до 1975 година.

Се вчитува...