„Леброн го уништи натпреварувањето во забивање“

Познатиот спортски новинар Стивен А. Смит го критикуваше Леброн Џејмс по „Ол-стар“ викендот во Индијанаполи.

Легендарниот новинар имаше најмногу замерки за „кралот“ во врска со натпреварот во забивање, за кој смета дека Џејмс го уништил овој спектакл.

„Леброн Џејмс е директно виновен за уништување на натпреварот во забивање на Ол-стар викендот… Не сум готов и не се смеам. Сите работи што ги правеше во текот на неговата кариера, сето тоа ќе ни недостига кога ќе го нема. Ја цениме неговата големина, но ова е едно. Сите беа среќни кога ќе добиеја шанса да се натпреваруваат во натпреварот во забивање. Сè тоа го снема кога Леброн рече „Не го правам тоа“, а од тој момент на ѕвездите ова натпреварување не им е приоритет“, изјави Смит. 

Се вчитува...