Леброн Џејмс и неговиот син Брони испишаа историја во НБА лигата како првиот двоец татко-син кој заиграл на еден натпревар настапувајќи во претссезонскиот меч против Феникс.
Брони Џејмс влезе во игра во втората четвртина додека неговиот татко, Леброн веќе беше во игра на големо задоволство на публиката.
LeBron James. Bronny James.
The father-son duo share the court for the first time together! 👏 pic.twitter.com/93hC7k64gK
— NBA (@NBA) October 7, 2024
Двајцата комбинираа 19 поени, седум скокови и четири асистенции од кои само два скока му припаднаа на Брони.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА