Леброн Џејмс и неговиот син Брони испишаа историја откако заедно настапија на еден натпревар појавувајќи се на теренот за средбата против Феникс во претсезонскиот дуел како прво татко-син дуо кое настапило во НБА.
По средбата двајцата ги споделија мислењата. За Леброн Џејмс тоа е остварување на сонот, додека за Брони и не баш заклучувајќи по изјавата.
„Не ми е верно. Се уште се навикнувам на се ова, но е прилично добро за нас двајцата и поготово за нашата фамилија. Дефинитивно момент кој нема да го заборавам. Како татко, ми значи се.
Како некој кој немал такво нешто додека растев. Да имаш влијание кон своите деца, влијание кон син ти и да можеш да поминуваш моменти со својот син, да работиш со него е едно од најдобрите чувства за кои може да се надева и да посакува еден татко“, изјави 39-годишниот Леброн.
„Секогаш размислувам за тоа „Па ова е татко ми“, бидејќи навистина ми е татко. Но, кога играм тој ми е само соиграч. Така гледам на работите“, додаде Брони.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА