Кошаркарите на Голден Стејт на гостински терен го совладаа Лос Анџелес Лејкерс со 123-116 и со тоа ја забележаа четвртата едноподруго победа. Најефикасен во тимот на Голден Стејт беше Стеф Кари со 37 поени (10/21 од поле, 4/11 за три, 13/14 од белата точка).
Брандин Поџиемски додаде 28 поени, осум скока и шест асистенции, Џонатан Куминга постигна 18 поени и девет скока, додека Мозес Муди постигна 13 поени.
Во тимот на Лејкерси најефикасен беше Леброн Џејмс со 33 поени, дополнето со девет асистенции. Остин Ривс постигна 31 поен, Руи Хачимура постигна 24 поени, додека Лука Дончиќ запиша 19 поени (6/17 од поле, 0/6 од три, 7/7 од пенал), осум скока и седум асистенции.
Голден Стејт е петти во западната конференција со скор 45/31, додека Лејкерси се четврти со 46 победи и 30 порази.
Минесота со 28 поени од Ентони Едвардс и 21 поен и 18 скока од Руди Гобер го совлада Бруклин со 105-90, додека Торонто предводен од српскиот тренер Дарко Рајаковиќ од клупата загуби од Портланд со 103-112.
Најефикасни играчи на Трејлблејзерс мечот беа Шејдон Шарп со 36 поени и Дени Авдија со 26 поени, заедно со 15 скокови.
Кошаркарите на Милвоки Бакс ја победија Филаделфија со 126-113 на крилјата на големиот Јанис Адетокумбо кој имаше 35 поени, 17 скока и дури 20 асистенции! На оваа „монструозна“ статистика уште и две украдени.
Придружуван од Брук Лопез со 17, Кајл Кузма со 16, додека Гери Трент и Торијан Принс имаа по 13, Еј Џеј Грин 12, а Рајан Ролинс 10 поени.
Во редовите на Филаделфија видовме 28 поени и 6 скока од Адам Бона, како и дабл-дабл на Квентин Грајмс со 24 поени и 10 асистенции, Гершон Јабуселе постигна 22, а Џеред Батлер постигна 14 поени.
НБА – РЕЗУЛТАТИ
Филаделфија – Милвоки 113-126
Вашингтон – Орландо 97-109
Мајами – Мемфис 108-110
Торонто – Портланд 103-112
Бруклин – Минесота 90-105
ЛА Лејкерс – Голден Стејт 116-123
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА