„Леброн и Дончиќ се иста лига“

Центарот од Зеленортски острови Валтер Таварес своевремено играше со Лука Дончиќ во Реал Мадрид.

Кошаркарот на Реал Мадрид со пофални зборови зборуваше за словенечкиот репрезентативец кој сега настапува за Лос Анџелес Лејкерс.

„Го познавам Лука од многу мал и веќе многу се зборуваше за него во Шпанија. Беше неверојатно кога добив шанса да играм со него. Тој е како Леброн Џејмс. Тие не се изградени исто, но може да прави се што може Леброн. Визија, контрола на играта, единственото нешто што не може е да скока како Џејмс“, изјави Таварес.

Одличниот центар вели дека Дончиќ е невозможно да се чува исто како и Леброн.

Се вчитува...