Леброн и Дурент одбраа: Дончиќ и Јокиќ завршија кај „Кралот“ (ФОТО)

Капитените на „Истокот“ и „Западот“, Кевин Дурент и Леброн Џејмс ги одбраа своите согирачи за престојниот „Ол-стар“ натпревар кој ќе биде во етерот оваа недела во Атланта.

„Кралот“ бираше прв на овој „драфт“ по што во својот состав го одбра Јанис Адетокумпо од Милвоки Бакс, а покрај Гркот во составот на Леброн ќе играат и Лука Дончиќ, Никола Јокиќ, Стеф Кари, Дамиан Лилард, Бен Симонс, Крил Пол, Џејлен Браун, Пол Џорџ, Домантас Сабонис и Руди Гоберт.

Кевин Дурент ќе го пропушти натпреварот поради повреда, но во својот состав ги одбра Кајри Ирвинг, Џоел Ембид, Каваи Ленард, Бредли Бил, Џејсон Тејтум, Џејмс Харден, Девин Букер, Зајон Вилијамсон, Зек Лавин, Џилиус Рендл, Никола Вучевиќ и Донован Мичел.

Од првата минута на паркетот ќе зачекорат Леброн Џејмс, Јанис Адетокиумпо, Лука Дончиќ, Никола Јокиќ и Стеф Кари од едната страна, и Кајри Ирвинг, Џоел Ембид, Бредли Бил, Каваи Ленард и Џејсон Тејтум од другата.

Се вчитува...