Леброн и Јанис ги избраа „Ол-стар“ тимовите: „Кралот“ си ги одбра Дончиќ и Јокиќ во својот тим

Капитените на  „Ол стар“ викендот, Леброн Џејмс и Јанис Адетокумбо ги одбраа тимовите за натпреварот меѓу најдобрите кошаркари во НБА.

Интересно е тоа што во првите петорки ќе бидат кошаркарите од истата конференција во која се и капитените. Што значи во тимот на Леброн ќе бидат и Ентони Дејвис, Лука Дончиќ, Кавај Ленард и Џејмс Харден, додека во тимот на Јанис, се Тре Јанг, Кемба Вокер, Паскал Сјакам и Џоел Ембид.

Замени во тимот на Леброн се Демјен Лилард, Бен Симонс, Никола Јокиќ, Џејсон Тејтум, Крис Пол, Расел Весбрук и Домантас Сабонис. Од тимот на Адетокумбо ќе бидат дел и Крис Мидлтон, Бем Адебајо, Руди Гобер, Џими Батлер, Кајл Лаури, Брендом Инграм и Донован Мичел.

Годинашниот „Ол стар“ викенд ќе се одржи во Чикаго во периодот од 14. до 16. февруари.

Се вчитува...