Леброн: Играњето со мојот син е најголемиот подарок во животот!

Екипата на ЛA Лејкерс слаавеше против Минесота со 110-103, на стартот од сезоната во НБА-лигата.

Но, клучното од мечот беше историјата запишана за најсилната кошаркарска лига во светот, откако на паркетот првпат заиграа заедно татко и син. Леброн и Брони Џејмс поминаа три минути на теренот заедно, колку што младиот Џејмс доби на мечот, запишувајќи се во НБА-историјата.

По натпреварот, Леброн истакна дека играњето заедно со својот син е начин да се надополни времето што го пропуштил во сите години играјќи кошарка.

„Тоа е семејство! Отсекогаш семејството било над се друго. Сега, кога го имам овој момент, кога се уште работам и можам да работам заедно со мојот син, тоа е еден од најголемите подароци што сум ги добил некогаш од Бога и ќе го искористам максимално“ – истакна Леброн Џејмс по мечот.

Се вчитува...