Леброн Џејмс има фантастична кошаркарска кариера, но паралелно со неа големиот ас развива и уште неколку успешни бизниси со кои уште повеќе го зголемува своето богатство. Пример за тоа дека Леброн има „нос за бизнис“ е и Ливерпул, односно исправноста на одлуката на кошаркарот на Кливленд пред неколку години да инвестира во гигантот од „Енфилд роуд“.
„Кралот“ Џејмс во 2011 година инвестираше 6,5 милиони евра за купување на два проценти од вкупните акции на клубот, кратко време откако „Фенвеј Спортс“ групацијата стана мнозински сопственик во клубот.
Со доаѓањето на Јирген Клоп се поправи имиџот, се подобрија резултатите, а со самото тоа порасна и вредноста на клубот. Како што тврдат британските медиуми, актуелната вредност на Ливерпул на пазарот ја надмина границата од 1,5 милијарди евра, па моментните акции на Леброн вредат 32,5 милиони евра. Одлична заработка, петкратно поголема од вложувањето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА