Леброн испиша историја – трет со постигнати 35.000 поени во НБА

ЛА Лејкерс загубија на домашен терен од Бруклин со 98-109, но Леброн Џејмс засекогаш ќе го памети овој натпревар бидејќи на него стигна до фантастичен јубилеј – 35.000 постигнати поени во НБА-лигата.

Леброн е само третиот што успеал да стигне до оваа фантастична бројка, а пред големиот ас на „езерџиите“ се наоѓаат само Карим Абдул Џабар со 38.387 поени и Карл Мелоун со 36.928 поени.

Зад Џејмс на оваа ранг-листа се легенди на НБА-лигата како Коби Брајант, Мајкл Џордан, Вилт Чембрлен, Дирк Новицки…

Се вчитува...