Леброн ја шокираше јавноста пред Олстар мечот: Само физички ќе бидам таму

Првата ѕвезда на НБА лигата, Леброн Џејмс по натпреварот помеѓу Лејкерс и Далас во кој стигна до нов трипл-дабл учинок во неговата 18 сезона, даде необична изјава пред „Олстар“ неделата во која упати критики кон раководството на лигата и истакна дека не осеќа возбудување ниту ја има потребната енергија за настап на еден од спектаклите на годината.

„Не сум воопшто возбуден за Олстар натпреварот. Не разбирам зошто го играме, но очигледно е дека тоа е некој договор. Ова е како шамар. И понатаму сме соочени со пандемијата на коронавирус, а ќе ја доведеме цела лига во еден град. Воопшто не сум среќен за тоа, но не можам ништо да променам. Имам нула енергија за настап, ќе бидам таму физички, но не и ментално“ – порача асот на Лејкерс.

Се вчитува...