Леброн Џејмс има сериозни проблеми со скочниот зглоб на левата нога, но големиот ас е подготвен да настапи и повреден, само за да стане нов рекордер во НБА-лигата.
Станува збор за рекордот по бројот на одиграни божиќни натпревари, што Леброн моментно го дели со легендата Коби Брајант, со по 17 одиграни средби како дел од божиќната програма во најсилната лига на светот. Лејкерси за противник вечерва ќе ги имаат Лука Дончиќ и Далас, а Леброн веќе ставил до знање дека ќе стори се само за да може да настапи на овој натпревар.
„Не е тајна дека многу ги сакам празничните натпревари, тогаш атмосферата е навистина неверојатна“, изјави неодамна „кралот Џејмс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

